Vesna Besic
05 Февруари 2022•Ажурирај: 06 Февруари 2022
ЉУБЉАНА (АА) – Во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 11.680 новозаразени лица со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, во Словенија во моментов се регистрирани 197.304 активни случаи, што е за 2.335 повеќе од претходниот ден.
Хоспитализирани се 508 пациенти, а 117 се наоѓаат на одделите за интензивна нега, соопшти Владата. Од последици на коронавирусот починаа 25 лица.
Со една доза од вакцините против Ковид-19 вакцинирани се 1.261.902 лица или 60 отсто од населението. Со втора доза вакцинирани се 1.213.275 лица, односно 57 отсто од населението.
Кај постарите од 18 години, 70 отсто се вакцинирани со една доза, а 68 отсто со втора доза. Меѓу постарите од 50 години, 80 отсто се вакцинирани со прва доза, а 78 отсто со втора. Бустер доза во Словенија примиле 604.546 лица.