Lejla Biogradlija
15 Мај 2021•Ажурирај: 16 Мај 2021
ЗАГРЕБ (АА) - Во Хрватска утре ќе се одржат локални избори за избирање на градоначалници на општините, како и претставници на општинските совети, јавува Агенција Анадолија (АА).
На изборите што ќе се одржат во согласност со мерките против пандемијата на Ковид-19, право на глас имаат 3.660.165 регистрирани гласачи.
Според соопштението на Централната изборна комисија на Хрватска, гласачите утре ќе може да го искористат своето право на глас од 7:00 до 19:00 часот по локално време.
Граѓаните кои се заразени со новиот вид коронавирус ќе може да гласаат преку пошта.
На овие избори има над 38.000 кандидати, од кои дел ќе бидат нови челници на 428 општини, 127 метрополитански општини и на 21 кантон.
Гласачите ќе гласаат во 6.572 гласачки центри, додека во секој гласачки центар ќе бидат ангажирани 10 набљудувачи.
Во случај да има потреба, вториот круг на овие избори ќе се одржи на 30 мај.
Локалните избори во Хрватска се одржуваат на секои четири години во мај, додека последните избори се одржаа на 21 мај 2017 година.