Zülfiya Yakup
14 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) - По повод најавеното доаѓање на возот од Србија, на граничниот премин Јариње на северот на Косово кон Србија значително е зголемено присуството на Полицијата на Косово вклучувајќи ги и припадниците на специјалните полициски единици.
За сега не се знае дали возот воопшто ќе дојде до границата со Косово, со оглед дека веќе со саати стои во Рашка, на околу 10 километри од Јариње.
Заменик на директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Душан Козарев изјави дека повеќе информации зошто возот соти во Рашка ќе има по обраќањето на премиерот на Србија Александар Вучиќ на вонредна конференција за новинари во Белград.
Во врска со информациите кои во текот на денот се појавија дека се поставени експлозивни направи долж пругата, Полицијата на Косово ги презеде сите мерки за да пругата се провери и до сега не е пронајдено нешто сомнително, потрврди за Anadolu Agency (AA) Баки Келани, портпаролот на Полицијата на Косово.
Најавата за доаѓањето на возот од Србија на Косово предизвика бурни реакции на политичарите и граѓаните кои сметаат дека тој воз е провокација на Србија и загрозување на државниот суверенитет на Косово.
Од Белград утрово без договор со Приштина тргна воз на промотивна железничка линија на релација Белград-Северна Митровица, која не функционира од 1999 година. Возот предвиден за таа релација стаса од Русија и од надвор е обоен со боите на знамето на Србија со имињата на православните цркви и манастирите на Косово, додека внатрешноста на возот е украсена со мотиви од културно и духовно наследство на Србите од Косово.