Bojana Stojanovic
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во Србија осум лица починаа од последиците на коронавирусот (Ковид-19) во изминатите 24 часа, а заразени се уште 426, со што до денес се хоспитализирани 4.619 лица, изјави министерот за здравство Златибор Лончар, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата во Белград, рече дека денешните резултати не се за паника, бидејќи има помалку починати, а денес е најголем број на тестирани лица досега.
Од вчера, тестирани се 11.521 лица, од кои 426 се позитивни на Ковид-19.
Хоспитализирани се 4.619 пацинети, а на респиратори се 205 лица.
Во изминатите 24 часа, починаа уште осум лица, со што бројот на починати досега порасна на 499. Процентот на смртноста е 2,26 отсто.
Досега се тестирани 580.271 граѓанин, а вкупно се регистрирани 22.031 случаи на заразување.
Министерот за здравство на Србија наведе дека процентуално е понизок бројот на зарзените во однос на тестираните и ги замоли сите граѓани да ги почитуваат сите пропишани мерки.