Andjelija Stojkovic
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денес изјави дека Белград има одредена слика за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ (SDP), Оливер Ивановиќ, но дека треба да почека со изнесување на информациите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имаме одредена слика, да не зборувам ништо официјално, да почекаме, но се надевам дека убиецот ќе биде пронајден, а ние ќе соработуваме со Приштина по тоа прашање“, изјави Вучиќ.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, претходно, во текот на денешниот ден изјави дека Белград очекува целосна посветеност во тој случај и откривање на сторителот, без разлика дали е Србин, Албанец или странец.
Тој изјави дека Приштина има повеќе можности бидејќи е на терен и има поголем увид во случајот, со оглед на тоа што на Белград не му е одобрено да учествува во истрагата, туку се разменуваат податоци.
Ивановиќ беше убиен на 16 јануари пред седиштето на СДП во Косовска Митровица, а синоќа се уапсени двајца полициски службеници поврзани со истрагата.