Zülfiya Yakup
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
ПРИШТИНА (АА) - Двајцата полицајци од полициската станица во Северна Митровица се уапсени поради манипулација со доказите во врска со истрагата за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива Слобода Демократија, Правда, Оливер Ивановиќ, во Косовска Митровица, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот Њази Реџа, кој го истражува случајот Ивановиќ, за АА потврди дека двајцата полицајци се уапсени бидејќи не биле на висина на задачата на местото на настанот, каде што беше убиен Оливер Ивановиќ.
Полицискиот инспекторат на Косово вчера попладне уапси двајца полицајци од полициската станица во Северна Митровица, осомничени за манипулирање со доказите.
Со овластување на обвинител од Основниот суд во Митровица, истражителите од Полицискиот инспекторат на Косово и косовската полиција спроведоа претрес на две локации во Северна Митровица, под сомнение дека двајца полициски службеници извршиле кривично дело, манипулација со докази, според Кривичниот законик на Република Косово, се вели од Полицискиот инпекторат. По тој повод, конфискуван е револвер од типот ТТ, како и две рамки од девет парчиња со калибар од 7,62 мм, кој ќе се користи за понатамошната кривична постапка.
Со одлука на државниот обвинител, на уапсените полициски службеници им е одредена мерка притвор од 48 часа до понатамошната судска процедура.