AP
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
АТИНА (АА) - Грчките власти подготвуваат драконски мерки на безбедност во пресрет на посетата на американскиот претседател Барак Обама во земјата, и најави затворање на многу улици и забрани за јавни собири во центарот на Атина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најмалку 3.000 полицајци ќе бидат мобилизирани и сите големи плоштади и улици во центарот на Атина ќе бидат затворени за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама во Грција, соопшти грчката полиција.
Овие мерки се преземаат поради најавата на левичарските групи, кои планираат да одржат протести за време на посетата на американскиот претседател во Атина, додека една вооружена група анархисти повика на напади и судири.
Високи безбедносни мерки беа преземени и во јужниот дел на предградието, каде што се наоѓа хотелот во кој треба да престојува американската делегација.
Обама пристигнува во вторник, во дводневна посета на Грција, по што ќе ја посети Германија, каде што ќе се сретне со европските лидери.