Mehmet Hatipoğlu
22 декември 2015•Ажурирај: 22 декември 2015
АТИНА (АА) - Пратениците во грчкиот парламент ја поддржаа, денес, Нацрт-одлуката за признавање на државата Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
На гласањето во грчкиот парламент присуствуваше и палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој пристигна во придружба на премиерот Алексис Ципрас.
Присутните пратеници на денешната вонредна седница на Парламентот едногласно го поддржаа предлогот на претседателот на Собранието Никос Вуцис, кој на дневен ред го стави гласањето за Нацрт-одлуката за признавање на државата Палестина.
Ципрас во вчерашната изјава на новинарите по состанокот со Абас, кој престојува во дводневна посета на Грција, најави признавање на Палестина и рече дека во службените преписки, изјави и државни активности, наместо досегашниот израз "Палестинска управа" ќе биде користено името на државата Палестина.