Vesna Besic
02 Јануари 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2021
САРАЕВО
Денес на подрачјето на Босна и Херцеговина е Ден на жалост поради трагедијата која се случи во општина Посушје, кога осум млади лица починаа во новогодишната ноќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Советот на министри на Босна и Херцеговина на вчерашната телефонска седница донесе одлука сабота да се прогласи за Ден на жалост во БиХ.
Денот на жалоста се одбележува со задолжително симнување на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје, на зградите на институциите на БиХ.
Медиумските куќи на територија на Босна и Херцеговина, како и организаторите на културно-уметничките и спортските манифестации на територијата на БиХ, должи се да ги прилагодат програмските содржини на Денот на жалоста.
Владата на Федерација на БиХ исто така го прогласи 4 јануари за Ден на жалост во овој босанско-херцеговски ентитет.