Furkan Abdula
02 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 4 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.340, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 229 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 51.731.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.294 тестирањe за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 182.329 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 42.215 лица. Во моментов во земјата има 8.176 активни случаи.