Ivana Ramadanova
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Со предизборниот молк кој започна на полноќ, заврши и кампањата на политичките партии за локалните избори кои треба да се одржат во утре, јавува Anadolu Agency (AA).
Според портпаролката на Државната изборна комисија на Република Македонија (ДИК), Љупка Гугичевска, утрово во седум часот почна гласањето за градоначалници и советнички листи за вкупно 6.916 гласачи. Во 13 затвори низ земјава имаат можност да гласаат 1.882 гласачи, во Центарот за раселени лица се пријавени 9 гласачи, а за гласање во домашни услови се пријавиле 5.025 граѓани.
„Гласачките места се отворени и до овој момент гласањето се одвива без проблеми. Првични резултати ќе соопштиме по затворањето на гласачките места. За следење на овие избори ДИК издала акредитации на 5.011 домашни набљудувач, 373 странски набљудувачи, на 294 преведувачи и на 6 странски новинари“, рече Гугучевска.
На овогодинешните локални избори во Македонија ќе учествуваат кандидати за градоначалници и советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Локалните избори в недела ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и градот Скопје, а право на глас имаат 1.814.644 избирачи.
Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство. Вториот круг од изборите, онаму каде што во првиот круг гласањето не завршило, ќе се одржи за две недели, на 29 октомври.
Ова се шести локални избори во Македонија - првите се одржаа во 1990 година, па во 1996, во 2000, во 2005, во 2009 и последните во 2013 година.
- МОСТ ќе ги следи локалните избори со над 2.500 набљудувачи
Граѓанската асоцијација МОСТ со повеќе од 2.500 набљудувачи ќе ги следат утрешните локални избори, од кои 2.100 ќе бидат статични. Тие ќе покријат 50 отсто од гласачките места ќе го следат процесот на гласање од отворање на гласачките места до затворање на гласачките места, како и пребројувањето на гласовите.
Дополнително 81 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје, а еден ќе ја набљудува работата на Државната изборна комисија,
Во текот на изборниот ден, граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес ќе може тоа да го направат на бесплатната телефонска линија или преку интерактивната веб-платформа на оваа граѓанска организација.