Admir Fazlagikj
19 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - На состанокот на Извршниот совет на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија, кој се одржа вечерва одлучено е дека најголемата опозициска партија во земјата нема да учествува на вонредните избори на 24 април, соопшти во официјално известување СДСМ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено од страна на партијата, тие одбиваат да одат на избори без да се направи чистење на избирачкиот список и на избирачкиот список и професионално известување на медиумите.
"На вечерашната средба на претседателот Заев со коалициските партнери, на којашто присуствуваше и Стево Пендаровски изразена е единственост во позициите за чекорите што се преземаат и ќе се преземаат во врска со политичката ситуација во земјава. СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори.
Избирачкиот список мора да се прочисти.Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите.Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија и само на такви избори ќе учествува опозицијата" , се нотира во соопштението на СДСМ.
"За СДСМ и коалициските партнери не се прифатливи избори на 24 април. СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април", истакнуваат од најголемата опозициска партија во Македонија во своето соопштение по подов одлуката да не учествуваат на предвремените парламентарни избори.
Исто така, во соопштенето се наведува дека во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.
Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста, известија од СДСМ.