Ekip
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ПРАГА (AA) – Чешкиот претседател Милош Земан по втор пат е избран за претседател на Чешка, откако освои мнозинство од гласовите во вториот круг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од Заводот за статистика на Чешка говорат дека Земан во вториот круг од претседателските избори доби 51,8 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Јири Драхос, претседател на Академијата на науките доби 48,2 отсто.
Земан е трет претседател на Чешка, по распадот на Чехословачка во 1993 година. Неговите претходници беа Вацлав Хавеи и Вацлав Калус. Но, 73 годишниот поранешен премиер е првиот чешки претседател избран од граѓаните на изборите 2013. година, додека претходно првиот човек на државата го бираа парламентарците.
Од тогаш, Земан ја подели нацијата со својот проруски став став и настојанијата за воспоставување на блиски односи со Кина. За 68 годишниот Драхос кој е нов во политиката, се сметаше дека повеќе е ориентиран кон западот.