?????
21 декември 2015•Ажурирај: 22 декември 2015
ПРАГА (АА) - Чешката влада одобри распоредување на 25 свои полицајци во Македонија со цел да и помогне на таа балканска држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави денес дека ваквиот потег е проследен по барањето кое го упатила Македонија. Соботка додаде дека полицајците ќе бидат распоредени во периодот од средината на јануари до крајот на февруари. Како што рече тој, чешките полицајци ќе бидат под македонска команда, а ќе се вклучат во безбедносните проверки и во регистрањето на бегалците.
Исто така, Чешка ќе испрати и финансиска помош за Македонија во вредност од 800.000 долари. Чешка, како членка на Европската унија е дел на таканаречената балканска рута која ја користат бегалците за да дојдат до земјите на Западна Европа.