Adel Ömeragiç
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ПОДГОРИЦА (АА) - Благ земјотрес, со јачина од три степени според Рихтеровата скала ја потресе утрово Подгорица, јавува Anadolu Agency (AA).
Жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 20 километри, а епицентарот бил на пет километри југоисточно од Подгорица.
„Врз основа на нумеричкиот модел на промените на интензитет со растојанието во овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не можеше да предизвика материјална штета“, соопштиja од Сеизмолошката опсерваторија.
Ова е втор земјотрес што ја потресе Црна Гора во изминатата недела
Прилично силен земјотрес со јачина од 5,2 според Рихтер во четвртокот ја погоди Црна Гора. Жариштето на тој земјотрес беше на длабочина од 14 километри, а епицентарот на седум километри од Плав. Немаше повредени, но беше предизвикана материјална штета.