Alma Çekovic
30 јануари 2016•Ажурирај: 31 јануари 2016
МОСКВА (АА) - Земјотрес со јачина од седум степени по Рихтеровата скала го погоди изутринава источниот дел на Русија, соопшти американскиот Геолошки завод, пренесува Anadolu Agency (AA).
Затреперувањето на тлото се почуствувало во 3:30 часот на длабочина од 153 километри во планинскиот предел на Камчатка, 160 километри северозападно од регионалниот центар Петропавловск - Камчатски.
Засега нема извештаи за жртви, ниту за причинета материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.
Руската академија на науки соопшти дека по првиот потрес уследил уште еден со јачина од 5,2 степени.
Планинскиот предел на Камчатка се наоѓа во близина на пацифичкиот „Огнен појас” каде што земјотресите и ерупциите на вулканите се многу чести.