Betül Yürük
20 Јули 2023•Ажурирај: 21 Јули 2023
ЊУЈОРК (АА) - Демонстрантите во Ирак упаднаа во зградата на Амбасадата на Шведска во Багдад утринава и запалија некои делови во знак на протест поради случајот во Шведска кога беше запален Куранот, светата книга на муслиманите, јавува Анадолу.
Групите поврзани со Движењето Садр, предводени од шиитскиот верски и политички лидер Муктада ал Садр, влегоа во зградата на Амбасадата на Шведска и запалија делови од неа.

Причина за овој чин беше палењето на светата книга Куран.
Салван Момика, со ирачко потекло, минатиот месец запали Куран во Шведска.
Видеоснимките што кружат на интернет покажуваат како стотици демонстранти упаѓаат во зградата на Амбасадата на Шведска веејќи знамиња и скандирајќи.
