Mahmoud Barakat
22 ноември 2015•Ажурирај: 22 ноември 2015
БАГДАД (АА) – Комисијата за безбедност и одбрана на ирачкиот парламент објави овој викенд дека Москва ја одобри продажбата на руско оружје за со војна разорената земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Потегот доаѓа еден месец откако ирачката влада и даде зелено светло на Русија за таргетирање конвои на ДАЕШ, испратени на ирачка територија од Сирија од страна на милитантите.
Членот на комисијата, Шакван Абдула, изјави за Anadolu Agency во саботата дека трансакцијата дојде како резултат на претходните разговори меѓу членовите на комисијата и нивните колеги во рускиот Совет на Државната Дума и други високи руски претставници.
Минатиот месец, шефот на комисијата Хаким Ал-Замли најави дека ирачката влада и дозволи на Русија да ги напаѓа конвоите на ДАЕШ кои влегуваат на ирачка територија од Сирија, со цел намалување на капацитетите на милитантната група и на прекинување на нејзините рути за снабдување.