Ekip
26 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) – Реакции предизвика исцртаниот крст на ѕидот од историската „Саат џамија" која се наоѓа во Гостивар, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскаста демократска партија во Македонија (ТДП) остро го осуди исцртувањето на крстот врз историската џамија во Гостивар од страна на непознати лица.
Во соопштението на ТДП, се истакнува дека ваквите грди напади се игра на оние кои сакаат да посеат семе на омраза меѓу верите и народите.
„Бараме од Министерството за внатрешни работи да ги пронајде непознатите сторители на ова дело, кои сакаат да го посеат семето на поделби во Гостивар, град во кој со стотици години заедно живеат различни народи со различни вери и да ги прекинат игрите кои сакаат да ги играат“, се вели во соопштението на ТДП.
Министерството за внатрешни работи на Македонија издаде соопштение во кое се вели дека во нападот е изведен во недела, а случајот во полиција е пријавен од страна на вработените во Исламската заедница во Гостивар.
Во соопштението се наведува дека непознати лица, користејќи црвена боја исцртале крст на метален електричен ормар до оградата на џамијата, додавајќи дека полицијата започнала истрага во врска со случајот.