Agim Sulaj
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово се откриени уште 32 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на случаи со Ковид-19 во земјата се зголеми на 763, меѓу кои 21 починат и 166 излекувани лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи, но уште еден пациент е излекуван од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се зголеми на 166.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се извршени 297 тестирања за Ковид-19, а вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 6.479.