Burak Bir
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
МЕЛБУРН (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус се искачи на 83 во Австралија и 19 во Нов Зеланд, според последните официјални податоци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Австралија регистрира 10 нови случаи во изминатите 24 часа, додека Нов Зеланд регистрираше 5, што покажува пад на бројот на новозаразени во двете држави.
Австралија пријави додатно уште тројца починати, додека Нов Зеланд, еден смртен случај.
Досега вкупно 6.713 Австралијци се заразени со вирусот, а се излекувани 5.558 лица.
Во Нов Зеланд вирусот им е дијагностициран на 1.469 лица, додека излекувани се 1.180 заболени.
Властите го забранија влезот во државата на оние што не се нејзини државјани, но делумниот полициски час кој е на сила од 27 март, ќе биде укинат вечерва.
Во Квинсленд и Западна Австралија, мерките против Ковид-19 исто така ќе бидат ублажени, со што ќе им се овозможи на луѓето да продолжат со активностите на отворено, меѓу кои и шопинг и риболов.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во околу 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Пандемијата во светот досега зеде над 206.500 животи, бројот на дијагностицирани случаи со вирусот изнесува над 2,97 милиони, додека над 865.700 заболени оздравеа, покажуваат податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“.