Agim Sulaj
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Министерството за здравство на Косово потврди уште два нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се искачи на 15, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на ова Министерство, се работи за две лица лица кои денеска дошле од Лондон со директна авиолинија Лондон - Приштина, а во Лондон престојувале во периодот од 4 до 16 март.
„Лицата биле откриени од страна на здравствените тимови на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, и со амбулантно возило се пренесени во Инфективната клиника“, се вели во соопштението, во кое се додава дека двете заразени лица, едно машко и едно женско, се на 26-годишна возраст.
Досега во Косово под карантин се ставени три општини, односно општина Клина, општина Витина и општина Малишево, додека Владата на Косово прогласи итна состојба во јавното здравство.