Barış Seçkin
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
РИМ (AA) - Анџело Борели, директорот на Цивилната заштита на Италија, рече дека во изминатите 24 часа починаа 349 лица од коронавирусот (Ковид-19), но и дека бројот на новозаразените од коронавирус е во пад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупната бројка на починати во пандемијата на коронавирусот во Италија се искачи на 2.158 лица. Според Борели, потврдени се 2.470 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што вкупната бројка на сега активни изнесува 23.073.
„Бројката на нови позитивни случаи е во пад, дури и ако нема податоци од Пуџлија и провинцијата Трентно. Но, трендот е во пат. Имаме 47 пациенти кои се преселија од Ломбардија во другите региони во центри за здравствени услуги", рече Борели, пренесуваат италијанските медиуми.
Во Италија од почетокот на ширење на коронавирусот забележани се вкупно 27.980 заболени од Ковид-19. До сега се излекувани 2.749 лица, додека моментално на интензивна нега се наоѓаат 1.861 пациент.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март поради ширење на коронавирусот прогласи глобална пандемија.