Agim Sulaj
21 Февруари 2021•Ажурирај: 21 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа почина еден пациент, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.572, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 398 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 66.380.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.996 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 285.900 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 58.169 лице. Во моментов во земјата има 6.639 активни случаи.