Admir Fazlagic
21 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 254 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 99.285, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 16 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.063.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 151 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 89.400.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.822.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.160 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирање.