Agim Sulaj
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 4 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.620, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 568 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 70.753.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.532 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 315.664 тестирањa.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 60.628 лица. Во моментов во земјата има 8.505 активни случаи.