Zylfije Adem Jakupi
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во изминатите 24 часа како последица на вирусот Ковид-19 починале 13 пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тестирани се 1.712 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 637 се позитивни.
Во последните 24 часа регистрирани се 104 излекувани лица, со што бројот на оздравени од вирусот се зголеми на 16.226. Во моментов активни се 7.798 случаи на Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата, тестирани се 108.482 лица, од кои 24.792 случаи се позитивни на коронавирусот, а евидентирани се 768 смртни случаи предизвикани од овој вирус.