Seyyid Emin
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Турскиот воен авион со медицинска помош испратена од турски „Кизилај“ за Северна Македонија, како земја погодена од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пристигна во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
По инструкциите на претседателот, Реџеп Таип Ердоган, турската Црвена полумесечина „Кизилај“ испрати медицинска помош за Северна Македонија.
На аеродромот, помошта ја пречекаа турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, заменик-министерот за труд и социјална политика, кој ги презеде овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија, Саит Саити, потсекретарот на министерот за образование и наука, Енвер Хусеин, претседателот на Демократската партија на Турците, Бејџан Илјас, и други официјални претставници.

Амбасадорот Секизќок ја предаде медицинската помош од турската Црвена полумесечина „Кизилај“ на генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија, Саит Саити.
Во својата изјава, амбасадорот истакна дека оваа глобална закана од епидемијата може да се надмине со ефективна меѓународна соработка, помагање и солидарност.
Секизкоќ, истакнувајќи дека Турција на сите страни во светот испраќа помош во медицински материјали, нагласи: „Авионот на воздухопловните сили на Турција, што денес стигна во Скопје, е вториот авион со медицинска помош кој стигна во Северна Македонија од Турција. Ние со Северна Македонија имаме длабоко вкоренети историски врски. Медицинскиот материјал од овој авион го предавам на генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија, Саит Саити. Помошта е одраз на добрата соработка и солидарноста помеѓу турски „Кизилај“ и Црвениот крст на Северна Македонија. Исто така посакувам во Северна Македонија најскоро да заврши оваа епидемија и да се врати на старите денови.“

Ѓонул Бајрактар, заменик-министерот за труд и социјална политика кој ги презеде овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика, како претставник на Северна Македонија ја пренесе благодарноста од премиерот Оливер Спасовски.
Бајрактар, потсетувајќи дека турски „Кизилај“ испраќа ваква помош, рече: „Сакам како претставник на Република Северна Македонија, на чело со големиот лидер, почитуваниот претседател на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, да се заблагодарам на братска и пријателска Турција. Исто така сакам да му се заблагодарам на претседателот на „Кизилај“, Керем Киник, и на генералниот директор Ибрахим Алтан за оваа помош.“
Истакнувајќи ја соработката помеѓу турската Црвена полумесечина „Кизилај“ и Црвениот крст на Северна Македонија, Бајрактар рече: „За нас како Влада на Северна Македонија, ваквата помош навистина ни значи.“
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саити, изјави дека се подготвени да ја прифатат хуманитарната помош од турски „Кизилај“ во име на Црвениот крст на Северна Македонија.
Саити рече дека дел од помошта ќе се дистрибуира до здравствените работници, дел за граѓаните и дел за екипите на Црвениот крст кои работат на терен.

„Испратената помош се состои од 77 илјади хируршки маски, 2 илјади заштитни комбинезони,10 илјади ракавици, 2 илјади заштитни очила. Тоа ќе биде од голема корист за нашата работа. Би сакал во оваа прилика да упатам голема благодарност до турската држава, до турската Полумесечина, наш партнер во оваа соработка и партнер кој досега нè покрива во многу наши активности“, нагласи Саити.
Саити, истакнувајќи дека секоја помош е добредојдена, особено помошта што доаѓа од докажани пријатели, рече: „Турската држава е докажан пријател на нашата држава. Турската Полумесечина исто така е докажан партнер на нашата организација и секако дека се надеваме дека оваа традиција, оваа позитивна практика ќе продолжи во иднина и во вакви ситуации и во мирни услови. Верувам дека ќе расте и ќе се проширува соработката помеѓу турски Кизилај и Црвениот крст на нашата земја.“
На 8 април, медицински материјали подготвени од страна на Министерството за здравство на Турција, кои содржеа маски, заштитни комбинезони и тестови за брза идентификација на Ковид-19, беа доставени до властите на Северна Македонија.