Admir Fazlagikj
23 декември 2021•Ажурирај: 23 декември 2021
ПОДГОРИЦА
Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ,) Мустафа Шентоп, со свечена церемонија на највисоки државни почести пречекан е пред Парламентот на Црна Гора од неговиот црногорски колега Алекса Бечиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп вчера пристигна во официјална посета на Црна Гора, а денеска во црногорскиот Парламент се состана со неговиот колега Алекса Бечиќ, со кого одржа тет-а-тет средба, а потоа се состанаа и делегациите на парламентите на Турција и Црна Гора.
По средбата Шентоп и Бечиќ потпишаа Протокол за меѓупарламентарна соработка, а потоа Шентоп се потпиша во Книгата за впечатоци на црногорскиот Парламент.
По предвидените средби во црногорскиот Парламент, најавена е и заедничка прес-конференција на Шентоп и Бечиќ.
Во рамките на официјалната посета на Црна Гора, најавено е претседателот на турскиот Парламент да се состане со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, како и со претседателот на Исламската заедница на Црна Гора, Рифат Фејзиќ.