Kemal Zorlak
19 Февруари 2023•Ажурирај: 20 Февруари 2023
БЕЛГРАД (АА) – Со карго авион на Туркиш ерлајнс (THY) денес од Белград е испратен првиот контингент помош од Владата на Србија за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Туркије, јавува Анадолу.
Пратката содржи 29 парчиња зимски шатори, 200 вреќи за спиење, 500 ќебиња, две греалки на гас, 50 мобилни тоалети, еден агрегат од 9,5 KW, 1.650 парчиња кујнски сетови за пет лица и 500 пластични канти.
Помошта е испратена до Дирекцијата на АФАД во Газиантеп, а товарниот авион на Туркиш ерлајнс полета од Белград за Истанбул. Се очекува помошта да пристигне во Газиантеп веќе утре.