Zülfiya Yakup
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
ПРИШТИНА (АА) - Со сечење на црвена лента од страна на џудиската и олимписката шампионка, Мајлинда Келменди, денеска беше отворен новиот 14,5 километри автопат „Арбен Џафери", кој ќе ги поврзува Приштина и Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На свечената церемонија на отворањето на вториот сегмент од автопатот, што по тој повод во селото Бибај, во близина на Урошевац, која ја приреди Министерството за инфраструктура, покрај претседателот на Косово, Хашим Тачи, и премиерот Рамуш Харадинај, исто така присуствуваа и вицепремиерот Далибор Јевтиќ, министерот за инфраструктура, Пал Лекај и многу други косовски и меѓународни претставници.
Обраќајќи им се на присутните, Тачи рече дека овој автопат е резултат на заедничка работа и високите државни одговорности, како и евроатланска визија на Косово.
Како што е соопштено од неговиот кабинет и овој проект е за ново и модерено Косово.
„Тоа е проект на модерно, европско Косово. Тоа е проект од соништата кои ги имавме, и кои стануваат реалност, среќно на сите, со среќа Косово", рече Тачи.
Харадинај рече дека е направено многу работа и дека е инвестирано многу ангажман и експертиза со цел да се испочитуваат европските стандарди, кон кои Косово се стреми.
Харадинај изрази уверување дека следната година, автопатот ќе биде завршен и дека благодарение на тој пат Скопје ќе биде до Приштина поблиску од кога било, се вели во соопштението од Владата на Косово.
Автопатот Приштина - Елезов Хан е долг околу 60 километри, а вредноста на работата изнесува околу 600 милиони евра. Градежните работи ги извршува американско-турската компанија „Bechtel & Enka" која го изгради првиот косовски автопатот „Ибрахим Ругова", кој го поврзува Косово со Албанија.