Ekip
04 Јануари 2019•Ажурирај: 05 Јануари 2019
ФОРТ ЛОДЕРДЕЈЛ (AA) – Два големи камиона и два патнички воза се судрија, при што се излеа дизел-гориво по автопатот, што предизвика пожар во кој загинаа седум лица, објавија вчера властите во Флорида, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судирот се случи на меѓудржавниот автопат околу 1,6 километри јужно од Алачуа. Огнот е предизвикан од 190 ликтри гориво. Локалните медиуми јавуваат дека неколку луѓе се повредени, и дека некои од нив во критична состојба се превезени во болница.
Од Патролата за автопатишта на Флорида (FHP) рекоа дека е приоритет да се спроведе детална истрага и да се идентификуваат жртвите од несреќата.
„Сè уште не знаеме дали жртвите загинале во судирот или се запалени во пожарот, што би можело да ни ја отежни идентификацијата“, изјави Патрик Риордан, портпаролот на FHP.
Поради стравичниот судир и пожарот, дел од автопатот е затворен во двете насоки, што довело до голем метеж во сообраќајот.