Aldıjana Hadzıc
14 Октомври 2018•Ажурирај: 15 Октомври 2018
САРАЕВО (АА) - Актерката Милена Дравиќ почина изминатава ноќ, сабота кон недела, во Белград, пренесува Anadolu Agency (AA).
Српските медиуми јавуваат дека Дравиќ починала во Клиничко-болничкиот центар „Бежаниска коса“ на 78-годишна возраст.
Дравиќ таму беше на лекување, а со болеста се бореше од смртта на нејзиниот сопруг Драган Николиќ, кој почина пред нешто повеќе од две години.
Таа е добитничка на бројни награди, а публиката ја памети по нејзините улоги во голем број филмови и серии, меѓу кои: „Битката на Неретва“, „Хасанагиница“, „Сутјеска“, „Козара“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“ „Буре барут“, „Госпоѓа министерка“, „Луд, збунет, нормален“ и многу други.