Bojana Stojanovic
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
БЕЛГРАД (AA) - Фестивалот на автохтони сирења од Балканот, оваа година осми по ред, отворен е денеска во Белград, а производителите на него претставуваат околу 300 вида сирење од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Франција, Италија, но и од земјата гостин - Холандија, јавува Anadolu Agency (AA).
На три нивоа во Домот на млади во Белград, посетителите денес и утре ќе можат да вкусат повеќе стотици сирења - од козјото медитеранско сирење, ливањското сирење, пиротскиот кашкавал, француското мувлосано сирење...
„Она што ние го забележуваме е зголемениот интерес на учесниците, што значи дека тие ја препознаваат важноста на Фестивалот, но и на посетителите. Не само по бројот на посетителите кој расте, туку и по тоа што посетителите, консументите, граѓаните кои уживаат во сирењето, откриваат нови вкусови и почнуваат да ги прифаќаат. Значи, веќе не јадат бело, меко, младо сирење или бело кравјо или бело козјо, туку сакаат со сусам, со сремуш“, рече за АА основачот на Фестивалот, Срба Јовановиќ.
„Годинава гостин на Фестивалот е Холандија, а наредната година ќе биде повикана Турција“, наведе Јовановиќ.
На Фестивалот овој пат најмногу учесници има од Србија, потоа од БиХ и од Црна Гора.
Во рамките на Фестивалот, утре ќе бидат прогласени сирењата кои ќе добијат најмногу гласови од посетителите.