Fatjon Cuka
11 Мај 2025•Ажурирај: 12 Мај 2025
ТИРАНА (АА) - Албанскиот премиер Еди Рама гласаше на парламентарните избори на гласачкото место во селото Сурел во округот Тирана, известува Анадолу.
Премиерот Рама, кој е и претседател на владејачката Социјалистичка партија (СП), заедно со неговата сопруга Линда Рама, гласаше во просториите на средното училиште во Сурел.
Во изјава за медиумите по гласањето, Рама рече дека денес е зборот на народот и додаде дека прават сè за да ја направат Албанија дел од Европската Унија (ЕУ).
„Да почекаме и да видиме што ќе каже народот“, нагласи тој.
Во Албанија се одвива процесот на гласање на кој граѓаните со право на глас ќе го изберат новиот состав на албанскиот Парламент кој бори 140 пратенички места.