Malik Hasa
21 ноември 2015•Ажурирај: 22 ноември 2015
ТИРАНА (АА) - Директорот на државната полиција на Албанија, Хаки Чако се сретна во Валона со директорот на македонската полиција, Горанчо Савовски, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните извори од Канцеларијата на државната полиција на Албанија, на состанокот се разговарало за билатералната соработка на двете полиции, за мерките против тероризмот, мерките против организираниот криминал, тешките криминални дела и незаконската трговија, потоа за мерките против меѓуграничиот криминал како и нелегалната миграција.
„Двете страни ги оценија како многу добри односите и се согласија дека во оваа ситуација во која се наоѓа Европа но и целиот свет, нивниот фокус да биде тероризмот, а исто така се дискутураше и за размена на информации во врска со радикалните и терористички тенденции но и за мерките кои треба да се преземат за држење на ситуацијата под контрола. Страните, исто така, се согласија за потребата од продлабочување на соработката во тој правец“, се вели во официјалното соопштение од албанската полиција.
Во него, исто така, се вели дека Савовски му се заблагодарил на албанскиот колега за размената на информации помеѓу албанската и македонската полиција во врска со разните криминални дејствија.
Шефот на македонската полиција, потенцираше дека големата фреквенција на мигранти низ територијата на Македонија го зголемува ризикот од криминални активности.