Seyyid Emin
11 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
СКОПЈЕ
Претседателот на Турската демократска партија (ТДП) пратеникот Бејџан Илјас, кој воедно е и претседател на меѓупарламентарната пријателската група на Северна Македонија-Турција, учествуваше во изборот за фотографија на годината на Агенција Анадолија (АА).
На гласањето ќе биде избрана „Фотографија на годината“ во три категории, од фотографиите што ги направија фоторепортерите и репортерите на АА во Турција и низ светот.
За традиционалната „Фотографија на годината“ оваа година во категоријата „Вести“ се натпреваруваат 31 фотографија, во категоријата „Живот“ 30, додека во категоријата „Спорт“ 15 фотографии.
Во категоријата „Живот“ Илјас гласаше за фотографијата „Визир за деца“ од фоторепортеротЖилерме Пајен. Според него, оваа фотографија укажува на периодот на пандемијата и на несебичната работа на здравствените работници.
Во категоријата „Вест“ Илјас гласаше за фотографијата „Намаз по 86 години во Ајасофија“ од фоторепортерот. „Фотографијата на отворањето на тоа што по Ајасофија по 86 години беше отворена за намаз (клањање), е важна за нас во оваа категорија“, рече Илјас.
Во категоријата „Спорт“ Илјас гласаше за фотографијата „Копнеж по фудбал“ од фоторепортерот Окан Џошкун.
Илјас упати честитки поради несебичната работа на Агенција Анадолија, додавајќи дека АА докажала дека е новинска агенција на светско ниво.