Agim Sulaj
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на заразеност со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 13 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.174, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 590 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 45.594.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.775 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 160.352 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 32.498 лица. Во моментов во земјата има 11.922 активни случаи.