Bojana Stojanovic
11 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Чешка, Милош Земан, дочекан е денеска во Белград со интонирање на химни и со највисоки државни почести, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред Палатата Србија го дочека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа следува состанок на двајцата претседатели.
Според планот на посетата на Земан, денеска ќе бидат потпишани повеќе договори, а Земан и Вучиќ ќе се обратат пред медиумите.
Потоа ќе биде одржан Српско-чешки бизнис-форум, а Земан во текот на денот ќе се состане и со претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ.