Sibel Vezaj
22 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ПРИШТИНА (АА) - На граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија во автобус се пронајдени две гранати и два детонатора кои безбедно се деактивизирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-началникот на Косовската полиција за севернот регион, Бесим Хоти, во изјава за АА потврди дека експлозивните направи се пронајдени за времена рутинска контрола на автобусите кои патуваат од Србија во Косово. Тој соопшти дека во врска со овој случај се приведени три лица.
„Експлозивните направи се откриени од страна на Косовската полиција за време на преминувањето, потоа случајот е преземен од страна на истражната единица. Приведени се три лица кои потоа се пренесени на испитување“ истакна Хоти.
Тој додаде дека на местото на настанот пристигнал и јавен обвинител кој ќе ги води кривичните постапки во врска со случајот.
Исто така, Хоти нагласи дека во автобусот се наоѓале над 50 патници и дека продожува истрагата во врска со тоа дали ова била редовна линија или организирани лица од Србија одат да учествуваат на локалните избори кои се одржуваат во Косово.