Bakir Tiro
16 декември 2015•Ажурирај: 17 декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Редовниот конгрес на Европската фудбалска федерација (УЕФА), наместо на претходно поставениот датум 23 март ќе се одржи на 3 мај 2016 година, известено е од страна на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Причината за ова е изборниот конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА) закажан за 26 февруари, кога треба да биде избран новиот претседател, поради што како што вели УЕФА сака да добие во време.
Во текот на УЕФА Конгресот следната година меѓу темите ќе биде и евентуалниот прием на Федерацијата на Косово во европското семејство. Ако ова се случи, и покрај противењето на Србија, националниот тим на Косово би можел да биде вклучен дополнително во една од квалификациските групи за Светското првенство 2018 година, во Русија.
Досега, како членки на УЕФА се примени земјите договорени меѓу себе и членовите на Обединетите нации, кои во случајот на Косово ќе направат исклучок. Ако ова се случи, тогаш ќе се отстранат пречките за Косово и ќе стане членка на ФИФА.