Zülfiya Yakup
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Претседателот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај денеска е пуштен на условна слобода од страна на француските власти, но не може да се врати во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај денеска е пуштен на условна слобода од страна на француските власти, но не може да се врати во Косово.
„Условното ослободување на Харадинај за АА го потврди неговиот адвокат, Арианит Коци. Харадинај е условно ослободен и има обврска двапати неделно да се појавува во француската полиција“, рече Коци.
Денешното судско рочиште се однесуваше само на барањето на одбраната Рамуш Харадинај да се брани од слобода. Денеска не е разгледувано барањето на српските власти Харадинај да ѝ се испорача на Србија.
По барањето на Србија за испорака на Харадинај кој минатата недела беше приведен на аеродромот Базел-Мулхаус-Фрајбург, на рочиштето кое се одржа во Апелациониот суд во Колмар донесена е одлука Харадинај да биде ослободен. Судот соопшти дека ги очекува потребните документи од српското раководство и во тој период Харадинај ќе биде под судски надзор.
Рамуш Харадинај, поранешен премиер на Косово и командант на Ослободителната војска на Косово, уапсен е на 4. јануари на аеродромот во Базел, по потерница на Србија за наводно воено злосторство извршено над цивилите за време на судирите на Косово.