Dzihat Aliju
12 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
ПРИШТИНА (АА) - Пребројани се 97,5 отсто од гласовите на предвремените општи избори во Косово, коишто се одржаа вчера, и според неофицијалните резултати, победа на овие избори извојува коалицијата составена од партиите Демократска партија на Косово (ПДК), Алијанса за иднината на Косово (AAK) и Иницијатива за Косово (НИСМА), јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците што ги објави Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, победник на овие избори со освоени 34,20 отсто од гласовите е алијансата „ПАН“, чиј мандатар е претседателот на Алијансата за иднината на Косово (AAK), Рамуш Харадинај.
Алијансата „ПАН“ ја загарантира својата победа. На второ место, со освоени 27 отсто од гласовите е Движењето „Самоопределување“, а трета е коалицијата составена од Демократската лига за Косово (ЛДК), Новата косовска алијанса (АКР) и партијата Алтернатива, со освоени 25 отсто од гласовите. Српската листа освои 5,7 отсто од гласовите и е четвртопласирана.
- Турска партија во Косово освои две пратенички места -
Во Косово постојат две турски партии, Демократската партија на Турците во Косово (КДТП) и Турската партија на правдата во Косово (КТАП). КДТП освои две пратенички места во косовскиот Парламент, додека тоа не ѝ успеа на КТАП.
Во мај не беше изгласана доверба на владата. Косовскиот Парламент беше распуштен и беа распишани предвремени избори. На предвремените општи избори во Косово учествуваа 19 политички партии, 5 коалиции и 2 цивилни иницијативи. За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваа 971 кандидат.