Admir Fazlagic
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на Владата на Република Македонија Драги Рашковски денеска одржа прес конференција на која истакна дека Владата ќе направи се што е неопходно за навреме да ги отстрани сите евидентирани забелешки од УЕФА и финалето на Европскиот Супер куп во фудбал да се одржи во Скопје, како што и е планирано, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој рече дека Владата сака да ја промовира Република Македонија во најдобро светло и затоа и покрај сите сопки што се прават внатрешно од некои структури Суперкупот, сепак, ќе се одржи во Скопје.
„Сме ја имале привилегијата да го добиеме организацискиот дел на Суперкупот и она што како информација и забелешка е давано до ФФМ и ПУИГ, односно Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор навреме ќе го отстраниме. Мораме до 21 јули да ги завшиме, бидејќи на 23 јули доаѓа финалната контрола која ќе одлучи дали Суперкупот ќе се одржи во Скопје или не", рече Рашковски.
Генералниот секретар на Владата посочи дека забелешките што ги има УЕФА за состојбата на Арената „Филип Втори“ во Скопје се нотирани во сите извештаи од септември 2015 година наваму и додаде дека последниот извештај пратен до ФФМ на 15 јуни годинава, Федерацијата го чувала седум дена по што го пратила до Владата. Рашковски рече дека сите работи, можеле да се направат на време, а во последните шест месеци поради неразбирливи причини воопшто не се работело ништо.
Рашковски информираше и дека ид страна на ПУИГ е побарана алокација на 120 милиони денари за да може да бидат завршени сите работи.
Меѓу другото, генералниот секретар на Владата на Република Македонија посочи дека како главни забелешки на УЕФА за состојбата на стадионот се немањето клима уреди, простор за стационирање на репортажни возила, инфраструктура за интернет мрежа и пристап до интернет согласно капацитетот на стадионот, планови за евакуација, небојадисаните оградите, неваросаните површините на стадионот, немањето соодветно напојување во случај да снема електрична енергија и друго.
УЕФА Супер купот е закажан за 8. август годинава, на на Арената „Филип 2“ во Скопје, на кој силите ќе ги одмерат англискиот Манчестер Јунајтед и шпанскиот Реал Мадрид.