Abdula Berisha
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1.572 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Исто така, од Министерството соопштуваат дека во последните 24 часа се оздравени 22 пациенти, а вкупниот број на оздравени се покачи на 1.079.
Според соопштението на Министерството за здравство, во изминатото деноноќие почина еден 70-годишен пациент од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати изнесува 89, додека во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.
Во изминатите 24 часа извршени се 332 тестирања, а досега во земјата се спроведени вкупно 18.168 тестирања на Ковид-19.
Поради пандемијата на Ковид-19 во Северна Македонија, претседателот на државата, Стево Пендаровски, од 18 март прогласи вонредна состојба на предлог на Владата. Со цел спречување на ширењето на вирусот на целата територија во земјата е воведен полициски час, кој во работните денови трае од 19:00 до 05:00 часот, а во време на викендите од 14:00 до 05:00 часот.