Elena Teslova
07 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
МОСКВА
Русија денеска забележа најголем број на заразени со Ковид-19 на дневно ниво, дури 11.231 новозаразено лице, со што вкупниот број на заразени во земјата изнесува 177.160, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на починати се искачи на 1.625, при што 88 лица починаа во текот на изминатите 24 часа, додека 2.476 се излекувани и се пуштени од болница“, се вели во дневното соопштение на рускиот Тим за итни случаи.
„Повеќе од 4.000 пациенти се во тешка состојба, вклучувајќи 1.500 кои се на интензивна нега и 231 лице кои се наоѓаат под медицински надзор под сомнение дека се заразени“, се додава во соопштението.
Досега Русија има извршено 4,8 милиони тестови за дијагностицирање на вирусот.
Тројца високи руски официјални претставници се хоспитализирани поради вирусот, вклучувајќи го и премиерот Михаил Мишустин.
За да се намали ширењето на вирусот, Русија ги затвори своите граници кон странците и луѓето без државјанство и го прекина меѓународниот воздушен и железнички сообраќај.
И покрај јасно одредените мерки, Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени, со вкупно 177.000 лица.