Admir Fazlagic
08 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 75 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што е вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата е зголемена на 94.871, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 22 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.946.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.440 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 85.439.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 6.486.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 726 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирање.