Husamedin Gina
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 16 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), зголемувајќи ја вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза со коронавирус во земјата на 155.732, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последиците предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати од коронавирусот во земјата остана ист, односно 5.486.
Во последните 24 часа се регистрирани 4 оздравени лица заразени со Ковид-19, со што билансот на оздравени пациенти се искачи на 150.104.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 142.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.873 тестирања за Ковид-19, вкупно 894.904 тестирања од почетокот на епидемијата во земјата.