Furkan Abdula
27 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 53 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.169, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 13 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.369.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 147.301.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 2.499.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.691 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 785.345 тестирање.