Furkan Abdula
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 3 дена во Северна Македонија регистрирани се 135 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 312.292, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.309.
Институтот за јавно здравје регистрира 164 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 302.508.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 475.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.257 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.060.554 тестирања.